Парондо: Со краток ростер, победивме голем тим како Киелце

Македонскиот ракометен првак Вардар забележа важна победа во Лигата на шампионите и во рамки на 10. коло на Лигата на шампионите го совлада полски Киелце, а по натпреварот, стратегот Роберто Гарсија Парондо, истакна дека е задоволен од триумфот.

„Мора да бидеме срќени затоа што победивме тим како Киелце. Лигата на шампионите е тешка, секој може да го победи секого. Имавме добри 15 минути, изградивме разлика, но потоа Киелце покажа дека е одличен тим и се врати во мечот. За жал, од екипата отсуствуваат многу повредени играчи и со тоа се намалува ротацијата. Но, во секој случај, извлековме една добра победа“, изјави Парондо.

Стратегот даде коментар и на играта на Кристијан Дисингер, кој игра се подобро во дресот на Вардар.

„Дисингер е одличен играч. Талант го познава добро. Тој беше во Суидад Реал, важеше за голема перспектива кога Душебаев таму беше тренер. Имаше проблем со повредите, но ние веруваме во него. Тој е наш тип на играч. Работиме и тренираме со него. Не го знае целиот систем, но се трудиме да го вклопиме во целиот тим. Сигурен сум дека ќе придонесе во иднина“, заврши стратегот.

Вардар со триумфот над Киелце скокна на втората позиција во групата А во Лигата на шампионите, а наредниот дуел е со Рајн Некар Левен во гости, по Мундијалот во Данска и Германија.

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 БарселонаБарселона 11 10 0 1 386:304 82 20
2 ПИК СегедПИК Сегед 11 8 2 1 323:277 46 18
3 ПСЖПСЖ 11 9 0 2 347:306 41 18
4 АлборгАлборг 11 5 1 5 328:337 -9 11
5 ФлензбургФлензбург 11 4 1 6 291:299 -8 9
6 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 11 3 0 8 280:335 -55 6
7 ЕлверумЕлверум 11 1 1 9 284:324 -40 3
8 ППД ЗагребППД Загреб 11 1 1 9 263:320 -57 3