Парондо: Самсоненко и Михајло сакаат да останам, ветуваат моќен Вардар!

Екипата на Вардар брзо го заборави болниот пораз од Металург во финалето на Купот на Македонија и на домашна сцена врза две нови победи во низа. Вчера славеше во Бутел, а денес потешко од очекуваното со победа го заврши и дуелот против битолски Пелистер

По мечот во салата „Боро Чурлевски“, тренерот на вардарци Роберто Парондо за Gol.mk изјави дека, иако не е задоволен од одиграните партии на своите избраници, сепак е среќен на победите и што Вардар повторно е на чекор да ја одбрани титулата во Суперлигата. 

„Одигравме лошо финале против Металург и решив да ги одморам првотимците. Против Бутел и Пелистер игревме со играчи од клупата, кои добро се покажаа и забележавме две победи. Го сакаме трофејот од домашниот шампионат, тоа е несомнено, но навистина е многу тешко да играш вакви мечеви кога сите мисли ни се насочени кон „фајнал-фор“ турнирот во Келн“, изјави Парондо.

Веќе подолг период Вардар е во големи проблеми и сè уште не се знае што ќе биде со клубот во идната сезона. Парондо ни открива дека Михајловски и Самсоненко сакаат да остане во клубот, но засега не донел конечна одлука дали ќе го напушти Вардар или не. 

„Сè уште не сум донел конечна одлука. Како и повеќето од ракометарите, така и јас чекаме да видеме што ќе се случи во наредниот период. Пред неколку седмици ни беше кажано да си бараме нови средини и јас се решив да потпишам со Египет, но сега работите се променија. Самсоненко и Михајловски сакаат да останам и ветуваат дека Вардар најмалку уште една сезона ќе биде моќен, но без разлика дали ќе останам или не, најважно е Вардар да остане да се движи по вистинската патека“, заврши Парондо. 

По шест одиграни кола во плеј-офот на Суперлигата, Вардар забележа исто толку победи. До крајот на сезоната треба да одиграат дуели уште против Бутел, Еурофарм Работник, Пролет и Металург. 

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 8 0 2 324:284 40 24
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 10 8 0 2 327:259 68 24
3 МеталургМеталург 10 6 0 4 307:303 4 18
4 ПелистерПелистер 10 3 0 7 285:306 -21 9
4 Бутел СкопјеБутел Скопје 10 3 0 7 271:293 -22 9
6 Пролет 62Пролет 62 10 2 0 8 250:319 -69 6