Парондо: Против Мешков Брест мораме максимално, не се победува со само едно добро полувреме

Gol.mk на SEHA Final 4

Натпреварот од полуфиналето на СЕХА лигата меѓу Вардар и Мешков Брест утревечер во салата „Викторија" во Брест ќе го даде вториот финалист на турнирор. Вардар допатува како актуелен победник, но и како тим што обезбеди пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите по двете победи над ППД Загреб. Од друга страна Мешков е елиминиран од осминафиналето од германски Флензбург и токму во СЕХА гледа какво-такво спасување на сезоната.

  • Официјалниот тренинг на Вардар во Брест: 

Сезонава двапати играа Вардар и Мешков, и Белорусите триумфираа во двата натпревари. Но, тоа беше во регуларниот дел од сезоната. На првиот меч Вардар отпатува со младинскиот тим и загуби убедливо, а на вториот во Скопје „црвено-црните" веќе беа пласирани, па тој натпревар и не беше многу важен и служеше за воигрување. Сега нема шанса за поправен. Секој напад ќе биде важен, секој гол решавачки.

>>> Белоруската клима им годи на вардарци, Парондо го сервираше последниот тренинг

Двете екипи сезонава играа и во групната фаза од Лигата на шампионите, и Вардар дома победи со 30-23, а во гости во оваа сала ремизираше со 31-31.

„Против Загреб победивме убедливо таму, па можевме да си дозволиме поголема ротација во Скопје. Можеби не игравме добро како таму, но ќе бидеме подготвени за нов натпревар, иако немавме многу време за тренинзи. Мешков Брест е многу добра екипа, особено се силни на домашен терен и играат со ист интензитет цел натпревар, па ќе ни биде многу тешко против нив, но сакаме место во финале. Ако ние играме како што треба, имаме шанси за победа, но и Брест посакува иста цел. Против екипа како Мешков Брест треба да играме одлично цели 60 минути, не може да славиме само со едно добро полувреме. И тие посакуваат победа, па ќе биде интересен натпревар", вели Парондо.

>>> Борозан остана во Скопје, Вардар ќе го брани СЕХА-трофејот без Црногорецот

На Ф4 турнирите во СЕХА лигата досега Вардар има две победи, една во финалето во 2014 година во Нови Сад и плус уште во полуфиналето минатата година во Скопје. Единствениот пораз е во Веспрем во 2015 година, но во меч за трето место.

  • Како се подготвува „Викторија Арена“ за СЕХА „фајнал-фор“: