Парондо: Притисокот е нормален бидејќи сакаме пласман во четвртфиналето

Македонскиот првак Вардар за противник во осминафиналето во Лигата на шампионите ќе го има хрватски ППД Загреб.

Првиот натпревар се игра овој викенд, а Шпанецот Робертo Гарсија Парондо смета дека тој и неговите ракометари немаат право на грешка во овој дел од сезоната.

„Секогаш очекуваме нешто ново. Кога е само еден меч, тогаш се фрла се на тој натпревар. Работиме и ние, се подготвуваме, но не е исклучено дека ќе има нешто плус, и од страна на нашиот ривал.

Нормално е да има притисок зашто сакаме да играме во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Сега не смееме да направиме грешка и мораме да бидеме подобри од Загреб“ , вели тренерот на вардарци.

Сергеј Горбок и Владо Недановски не отпатуваа за Хрватска, а добри вести за нашиот претставник е кам-бекот на Вуко Борозан.

Првиот меч се игра в сабота со почеток од 20:30 часот.