• Иван Димовски
Првпат во својата тренерска кариера шпанскиот тренер Роберто Гарсија Парондо ќе се судри со Вардар како тренер на Мелсунген во Европската лига на ЕХФ. Шпанецот го најави дуелот со двократниот европски првак, посочувајќи дека по него ќе има време за навраќање на добрите спомени, а претходно е максимално фокусиран на добар резултат.
„Мелсунген имаше идеален старт во Европската лига, одработевме одлично против Порто. Сега мора да продолжиме така пред своите навивачи. Првпат во кариерата ќе се судрам со Вардар по заминувањето од Скопје. По натпреварот со сигурност ќе разбудиме стари спомени, ќе имаме време да се присетиме на добрите времиња. Сепак, пред стартот се подготвуваме како за секој останат меч.
Што се однесува до натпреварувањето, не ги познаваме тимовите. Започнуваме со интензивна видео анализа пред секој натпревар, од самиот почеток. Секој натпревар е поинаков, ќе видите дека и Порто немаше најдобар ден против нас“, изјави Парондо.
Шпанскиот стратег во таборот на Вардар како најголема закана ги посочи крилото Марко Срдановиќ и голманот Мигел Еспиња Фереира, кои ако влезат во елемент се незапирливи.
Натпреварот меѓу Мелсунген и Вардар 1961 се игра во вторник во терминот од 18:45 часот.