Парондо: Не играме секогаш најдобро, ама пак сме шампиони!

Роберто Гарсија Парондо, стратегот на Вардар, е задоволен по триумфот над Еурофарм Работник во Суперлигата и официјалната потврда на шампионската круна во Македонија. Шпанецот по мечот истакна дека сите се среќни што Вардар е македонски првак и дека 

„Ние сме многу среќни затоа што сме шампиони на Македонија. Ја сакавме титулата, знаевме дека е важна за клубот. Сакавме сите да сме шампиони и успеавме. Сега, за нас фокусот е кон Ф4-турнирот во Келн. За разлика од претходните мечеви, овој успеавме да го победиме на наш начин. Против Металург не игравме силно како во ЛШ на пример, ама нормално е што не играме секогаш моќно, затоа што играме секој ден скоро, згора на се имавме и повредени играчи и тоа е тоа. За разлика од претходните мечеви, игравме посилно овој пат и победивме со Еурофарм Работник. Задоволува и враќањето на Дисингер, кој иако не е 100% подготвен, може да игра и да тренира“, изјави Парондо.

За Вардар ова беше 13. освоена титула во македонскиот ракомет. Зад „црвено-црните“ се Пелистер и Металург со по шест круни. Следен предизвик за тимот на Парондо ќе биде Ф4-турнирот во Келн каде Вардар го чека полуфинале со Барселона.

Суперлига, ПЛЕЈ ОФ МАЖИ
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ВардарВардар 10 8 0 2 324:284 40 24
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 10 8 0 2 327:259 68 24
3 МеталургМеталург 10 6 0 4 307:303 4 18
4 ПелистерПелистер 10 3 0 7 285:306 -21 9
5 Бутел СкопјеБутел Скопје 10 3 0 7 271:293 -22 9
6 Пролет 62Пролет 62 10 2 0 8 250:319 -69 6