Парондо: Моја грешка е тоа што се мачевме со Металург

Македонскиот првак Вардар забележа минимален успех во СЕХА-дербито со Металург (26-27), а по натпреварот, стратегот Роберто Гарсија Парондо истакна дека дуелот бил добиен по тежок пат, затоа што тој се одлучил да ротира и да им даде одмор на одредени играчи.

„Најважно е дека победивме. Потребн ни беа овие поени, па затоа сме задоволни. Моја грешка е што игравме лош меч. Се обидов да ги одморам играчите по тешкиот меч со Киелце, за да немаат притисок. Затоа игравме во поинаков ростер. За да се победи во еден натпревар треба да се даде максимум, а ние тешко игравме. Металург покажа дека може да игра меч со висок интензитет. Скопје има два добри тима. Тоа е добро за градот“, изјави Парондо.

На прес-конференцијата зборуваше и голманот Марко Кизиќ.

„Секогаш кога се игра со Металург натпреварот е тежок. Ние ја имавме фаворитската улога, постоеше притисок. Во одредено време одмор добија некои играчи. Ние се обидовме да го прикажеме најдоброто, па на крај победивме. Добро се подготвував за овој меч, затоа имав и добра партија“, изјави Кизиќ.

Вардар е лидер во СЕХА-лигата со осум победи и два порази, додека Металург е во долниот дел на табелата.