ФОТО: „Парк“ исполнет до последното место за дуелот со Грција

Враќањето во Струмица по пет години делува и повеќе од успешно. Како и во пријателскиот натпревар во ноември 2014 година против Црна Гора го наполни „Парк“ до последното место.

Струмичани желни за врвен ракомет уште еден час пред почетокот на натпреварот со националните обележја ги бодрат Лазаров, Кузмановски, Митревски...

Австријците Бркиќ и Јузуфхоџиќ ќе ја делат правдата, а делегат на ЕХФ е Црногорецот Небојша Вујисиќ. Ако Македонија победи или ремизира без разлика на исходот од дуелот Исланд – Турција, ќе биде првопласираната во групата и ќе ја дочека виенската ждрепка како селекција од вториот квалитативен шешир.