Паниќ се враќа во Франција, потпиша тригодишен договор со Монпелје

Континуираниот раст и добрите партии на Марко Паниќ во дресот на Мешков Брест го препорачаа кај еден од најдобрите тимови во Франција, европскиот шампион од 2018 година, Монпелје. Имено, десниот бек од јуни 2021 година се сели во овој гигант како слободен ракометар.

30-годишниот Паниќ има завидно искуство во францускиот шампионат, бидејќи ги бранеше боите на Шамбери од 2012 до 2017 година. Претходно настапуваше за Борац од Бања Лука. полски Азоти Пулави и Мешков Брест.

Играчот од Босна и Херцеговина се обврза на лојалност кон новиот клуб до 2024 година. На 71 натпревар за националниот тим, Паниќ постигна 190 голови.