Палмарсон си оди од Алборг, ќе игра за матичниот Хафнафјердур?

Еден од најдобрите ракометари во последната деценија, Арон Палмарсон, предвреме ќе го раскине договорот со дански Алборг и ќе се врати во татковината.

Клубот објави дека со Палмарсон ќе се раздели по крајот на актуелната сезона. Од лето 2023 година, Исланѓанецот ќе биде слободен агент. Причините кои се наведени во соопштението на данскиот клуб се дека тој има семејни причини за такво нешто.

На големо се најавува дека Палмарсон ќе се врати во матичниот клуб Хафнафјердур. 32-годишникот играше за овој клуб од 2005 до 2009 година, од каде замина во Кил, а потоа следеа авантури во Веспрем, Барселона и Алборг.