• Сашо Поповски
Арон Палмарсон ќе ја продолжи кариерата во данското првенство. Алборг го претстави новото големо засилување кое ќе биде дел од големиот проект кој го вклучува и Микел Хансен.
Исланѓанецот немал дилема кога ја добил понудата, а најголема причина за тоа е токму данскиот репрезентативец, кој исто така стави потпис на договор со екипата.
„Алборг ми понуди интересен проект. Клубот потпиша со неколку добри играчи и ми ја претстави амбицијата за наредните неколку сезони. Веднаш ме фасцинира нивниот план. Голема работа за мене беше доведувањето на Хансен. Тој одигра голема улога во мојот потпис. Морам целосно да бидам искрен за тоа. Тогаш повеќе сакав да слушам што имаат да ми понудат. Иако не се работи за европски гигант, Алборг е најдобар во Данска. Тие се шампиони и во иднина имаат амбиција да ја освојат Европа“, изјави 30-годишникот од Рејкјавик.
Хафнарфјарјур беше првиот тим за Палмарсон, а потоа настапуваше за Кил, Веспрем и Барселона. Најдолго се задржа во Германија каде остана шест години.