Пајовиќ: Одбраната на Лазаров и Ајзенхауер беа клучот на победата

Многупати низ историјата сме играле со австриската репрезентација, но никогаш вака не сме биле надиграни. Денешниот пораз од 32-28 во „Штадхале“ во Виена беше голема „шлаканица“ за нашите амбиции и спуштање на земја по почетниот триумф над Украина.

Селекторот Алеш Пајовиќ на прес-конференцијата изјави:

„Неверојатно е чувството – три натпревари, три победи и пренесуваме два бода. Игравме одлична 5-1 одбрана на Лазаров, Ајзенхауер беше феноменален, одбраната како што се договоривме и тоа е клучот на победата.

Не е лесно да се игра против корпулентните пивотмени на Македонија. Сега можеме да сонуваме во следните четири натпревари во главната групна фаза“.

Австрија веќе го оствари најголемиот успех и обезбеди пласман меѓу 12-те најдобри во Европа.