Пајовиќ: Хрватска е одлична и за мене е главен фаворит за златниот медал!

Репрезентацијата на Хрватска вчера славеше во првиот дуел од втората рунда на Европското првенство против Австрија со 27-23. Избраниците на Червар релативно лесно го добија противникот, а клучен фактор беше затворањето на Билик и Божовиќ, кои заедно дадоа само пет голa. 

По поразот, со новинарите зборуваше селекторот на поразениот тим, кој призна дека Хрватска е селекција која можеби е и главен фаворит на првенството. 

„Хрватска заслужено победи, видов дека и во Грац беа одлични и за мене се глави фаворити за златото. Имавме проблеми во нападот со Дувњак, тој ја мачеше нашата одбрана, а ние и доста промашувавме. Рано потонавме и не беше лесно да се вратиме против таков противник. Немавме шанси со таков Дувњак и останатите во 5-1 одбраната. Релативно лошо влеговме во натпреварот, потоа не погодувавме и не можевме подобро од ова. Билик беше затворен, а ниту Божовиќ немаше свој ден. На паузата малку бев заплашен од дебакл во вториот дел, но добро минавме“, изјави Пајовиќ. 

Австрија, која е еден од домаќините имаше големи амбиции во втората фаза, но веќе утре игра со одличната Шпанија, па не е многу реално да се надеваат на борба за медал. Сепак, се очекува битка за третата позиција во групата, која носи натпревар за петтото место и квалификации за Летните Олимписки Игри.