Падна и европскиот шампион, Германија закажа полуфинале против Норвешка 

Ракометарите на Германија и покрај исцрпувачкиот натпревар против Хрватска, уште еднаш докажаа дека се зрели за големи успеси, откако одиграа нов фантастичен натпревар овој пат против европскиот шампион, Шпанија. Домаќините запишаа нов триумф на Светското првенство (31-30), по кој како првопласирани ќе ја завршат главната група, и во полуфиналето ќе се сретнат со селекцијата на Норвешка.  

Како и што се очекуваше, двете селекции доста мотивирано го започнаа вечерашниот меч во Келн, кој го крунисаа со дури 33 постигнати гола. Во првите 30 минути во таборот на европскиот шампион блескаше Фернандез со пет гола, додека Прокоп шанса им даде скоро на сите ракометари, од кои дури девет мина се запишаа во листата на стрелците. 

Шпанските фанови први се радуваа на предност, но Германија веднаш возврати и речиси во текот на целото прво полувреме ја имаше позитивата, иако таа никогаш не беше повисока од еден гол. По ефикасното надигрување „панцирите“ на полувреме заминаа со водство од еден гол (17-16), но по само 10 минути во вториот дел брзо беше разбиена шпанската одбрана и водството стигна до комотни четири гола (24-21). 

Бом и Хафнер се разиграа во клучните моменти и не дозволија Шпанија да се врати во игра, за на крај Германија да извојува минимална победа од еден гол разлика (31-30).

Најпрецизен на мечот беше шпанскиот репрезентативец Соле со осум гола, Алекс Душебаев постигна пет, исто колку и Фернандез. Кај победничката екипа се истакна Бом со пет, а четири постигна Сатон. 

СП, Главна фаза, Група 1
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ГерманијаГерманија 5 4 1 0 136:116 20 9
2 ФранцијаФранција 5 3 1 1 133:122 11 7
3 ХрватскаХрватска 1 5 3 0 2 124:117 7 6
4 ШпанијаШпанија 1 5 2 0 3 147:136 11 4
5 БразилБразил 5 2 0 3 128:149 -21 4
6 ИсландИсланд 5 0 0 5 122:150 -28 0