Пад за две места на ЕХФ листата, македонскиот првак и наредната сезона директно во ЛШ

Македонија забележа пад од две места на последниот клупски ранкинг на Европската куќа на ракометот (ЕХФ).

Сега нашата земја е на шестата позиција, што значи дека првакот во сезоната 2021/22 ќе има директен пласман во групната фаза од Лигата на шампионите.

Во Европската лига ќе имаме три места, од кои две ќе се пополнуваат преку квалификациите.

Има доста промени на првите десет места. Германија е на врвот, Шпанија ја прескокна Франција и сега е на втората позиција, а Романија на сметка на Хрватска влезе во Топ 10.