Пад на империјата Киелце: Висла пак е главна во Полска

Екипата на Висла Плок со високи амбиции влегува во новата сезона, затоа што по двојната круна во минатата сезона, тимот успеа да слави над најголемиот ривал Киелце (27-23) во финалето на Суперкупот.

Изгледа дека тимот на Талант Душебаев ќе стане „опозиција“ во полскиот ракомет, а оној на Чави Сабате ќе застане на врвот. Шпанецот одлично си ја врши работата со тимот од Плок, а како награда за тоа доби и нов договор до 2028 година.

Висла во Суперкупот го победи Киелце предводена од Шита со шест гола, пред Фазекас со пет, додека Дашчек имаше четири гола. Кај Киелце, Душебаев и Оленјичак погодија по пет пати. Спектакуларен на голот беше и ветеранот Мирко Алиловиќ.

Двете екипи во новата сезона ќе бидат дел од Лигата на шампионите.