Овче Поле немоќен, Еурофарм Пелистер 2 лесно ја прескокна првата пречка во Купот

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја прескокнаа првата пречка во Купот на Македонија и се пласираа за четвртфиналните групи на најмасовното натпреварување. Тимот на Михаил Петровски извојува победа против прволигашот Овче Поле со 48-23.

  • Комплетниот натпревар меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Овче Поле: 

Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Симон Мирчевски со дванаесет и Алем Хаџиќ и Марко Димовски со по осум гола. Кај Овче Поле, Бојан Гичев беше стрелец на единаесет гола.

Ракомет
Куп на Македонија 2023/24
Прво коло

Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 48-23 (21-8)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Глеедачи: 500
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски

Еурофарм Пелистер 2:
Штаковски, Младенов, Маркоски, Талевски, Ристевски 2, Митревски, Мирчевски 12, Димовски 8, Блажевски 3, Трпчевски, Калајџиовски, Пецаковски 7, Ивановски 7, Белистојановски, Мијушковиќ 1, Хаџиќ 8
Седмерци: /
Исклучувања: 8 минути

Овче Поле: 
Петков, Коцевски 4, Тодоровски, Гичев 11, Минов 3, Димчевски 1, Цековски 1, Динев, Стаменков 3, Стефановски, Ристовски
Седмерци: 3/2
Исклучувања: /

Пласман во следната рунда од Купот на Македонија обезбедија Пролет, Прилеп, Алкалоид, Куманово, Голден АртСтруга, Бутел Скопје и Тиквеш.