ВИДЕО: Овации и громогласен аплауз за ракометните херои на Еурофарм Пелистер!

Јуниорите на Еурофарм Пелистер запишаа историски успех во првото издание на младинската Лигата на шампиони на ЕХФ.

„Зелено-белите“ го освоија турнирот во Букурешт и со тоа обезбедија пласман на „фајнал-фор“ турнирот во Келн. По тој повод надежите на пелистерци продефилираа на битолскиот паркет во пресрет на „вечното“ дерби и добија овации и громогласен аплауз од присутната публика. 

Избраниците на Мемиќ и Митревски до овој успех стигнаа со победите над Киелце во полуфиналето и над домаќинот Динамо во големото финале.