ВИДЕО: Ова болеше – Дувњак со моќен шут нокаутира ривал од Флензбург!

Екипата на Кил во дербито од германската Бундеслига успеа да слави над Флензбург (20-18), а натпреварот нема по добро да го памети Симон Халд Јенсен од таборот на гостинот, затоа што доби нокаут.

И тоа од хрватскиот ракометар Домагој Дувњак, кој го има еден од најсилните шутеви во светот. Бекот се обиде да шутне кон противничкиот гол, но топката заврши во главата на Јенсен, па ракометарот на Флензбург заврши на подот.

  • Моментот кога Дувњак го нокаутира Јенсен:

По несаканиот настан Дувњак му се извини на противникот, а мечот го заврши со вкупно пет постигнати погодока.