Откажан турнирот во Србија, Вардар во Скопје ги продолжува подготовките за СЕХА

Екипата на Вардар нема да настапи на пријателскиот турнир во Кањижа, Србија кој беше откажан поради ситуацијата со вирусот. 

Овој турнир се очекуваше да биде вистински тест пред враќањето, бидејќи требаше да се одиграат дуели со Нексе и ПИК Сегед. Сепак, избраниците на Стевче Алушовски ќе останат во Скопје и ќе тренираат до заминувањето во Струга. 

Турнирот во градот покрај Охридското езеро е планиран од 12 до 16 август, а на крајот од август е планиран реванш дуелот од четвртфиналето во СЕХА лигата против Нексе, откако во март „црвено-црните“ минимално победија во Хрватска (30-31).

Поуспешниот од двомечот ќе се појави на завршниот турнир во Задар каде место обезбедија Загреб и Мешков, а на добар пат е и Веспрем.

Најнови вести од
СЕХА Лига