• Горан Упале
Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Никола Костески ги напушти редовите на Линц, но не се сели од Австрија.
Стружанецот, по одличната ланска сезона во која влезе во потесниот круг на најдобро десно крило во лигата, во новата ќе ги брани боите на Холабрун, тим каде што настапува искусниот македонски бек Влатко Митков.
Костески подолго време беше во потрага по нова средина, имаше понуди од два клуба кои играат во Европската лига, а преговараше и со бундеслигаш, но бидејќи нема европски пасош, трансферите пропаднаа, па се реши да остане во Австрија.
29-годишниот ракометар веќе дебитираше за новиот клуб и беше еден од најдобрите стрелци во тимот, со пет гола од пет обиди.