Осумте гола на Пешевски не беа доволни, Лемго собра бод кај Штутгарт

Жарко Пешевски

Жарко Пешевски беше во центарот на вниманието во ремито меѓу неговиот Штутгарт и Лемго (26-26) во 4. коло од новата сезона во Бундеслигата.

Нашиот кружен напаѓач одигра феноменална средба, на кој погреши само еднаш и постигна дури осум гола. Овој учинок му донесе титула најдобар стрелец на денешниот натпревар.

По две победи, екипата на македонскиот репрезентативец одигра реми, но остана во горниот дел од табелата. Виновник за овој резултат е гостинскиот ракометар Сутон кој на една секунда до крајот постигна погодок за конечни 26-26.

Освоениот бод стави сенка на одличната игра на Пешевски кој постигна два гола повеќе од вториот најефикасен играч на Штутгарт, Виго Кристјансон.