„Осумка“ на Ојлески, Охрид не виде мака со Пролет

Екипата на ГРК Охрид ја оствари целта и со победа над Пролет 62 (30-20) дојде до осмата победа во Суперлигата по единаесет одиграни натпревари.

  • Комплетниот натпревар меѓу ГРК Охрид и Пролет 62:

Екипата на Ројевиќ во ниту еден момент од дуелот не виде мака со ривалот, затоа што диктираше игра. И очекувано, ако се согледа поквалитетниот ростер и странските имиња со кои располагаат „рибарите“.

Разликата меѓу двата тима се направи во второто полувреме, откако на паузата домашниот тим во СРЦ „Билјанини Извори“ имаше плус од само два гола (13-11). Се отвори вториот дел со серија, се задржа Пролет на само два гола и кога веќе беше 19-13, беше полесно да се игра.

Најдобар стрелец на мечот беше Гоце Ојлески кој имаше осум гола од осум обида, пред Младен Крсманчиќ со пет гола, а голманот Бојан Блажевски собра 17 одбрани. Кај Пролет, Андреј Стојановски даде седум гола.