Остроушко: Покажавме дека сме добар тим, но Татабања ги казни нашите грешки

Македонскиот преставник во ЕХФ Купот, Еурофарм Работник запиша уште еден пораз на европска сцена и со пораз од 30-27 се враќа од гостувањето кај Татабања. 

Најдобриот стрелец во редовите на македонскиот тим Владислав Остроушко вели дека тимот одигра одличен натпревар и блиску беше до победа, но искуството на противникот во финишот беше одлучувачко за овој пораз. 

„Честитки за победата. Татабања одигра коректен натпревар. Иако игравме без резултатски притисок сакавме да покажеме дека сме добар тим, и сакавме да победиме, но противникот ги казни нашите грешки во финишот и заслужено слави. На Унгарците им посакувам успех во идните натпревари“, вели Остроушко 

Еурофарм своето учество во овој Куп го обезбеди по победата во квалификациите над Берн, додека групната фаза ја заврши само со два бода, освоени на домашен терен против Нексе. 

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2