• Иван Димовски
Ракометарите на Алборг стигнаа до осмата победа во Лигата на шампионите, откако славеа на гостувањето кај Динамо во Букурешт со 27-30 во натпреварот од десеттото коло.
Домашната екипа отвори перфектно со 3-0, меѓутоа потоа дозволи серија од 0-4 со која Данците направија пресврт. Се обидуваа Романците да парираат, но до паузата Алборг се одлепи и поведе најмногу до 10-15. На полувреме се замина со резултат 13-16.
Имаше Динамо свои моменти и во вториот дел, се обидуваше да се врати и на моменти доаѓаше до гол негатива. Последен пат беше 24-25, а потоа Алборг направи серија од 0-4 со кој си ја обезбеди победата.
Симон Халд Јенсен имаше шест од шест во победничкиот табор, а Бранко Вујовиќ кај домашните даде пет гола.
ФОТО/PHOTO: EHF Champions League/Twitter






