Ортега: Кузмановски остави одличен впечаток, иако му беше прв натпревар

Филип Кузмановски имаше одлично деби во дресот на Хановер. Во својот прв натпревар во новиот клуб македонскиот репрезентативец остави одличен впечаток и беше еден од најзаслужните за убедливата победа над Хамбург со 42-27.

Кузмановски зад своето име запиша осум погодоци, а по натпреварот доби пофални зборови од тренерот Карлос Ортега.

„Навистина многму ми се допадна нашето темпо на игра. Особено сум задоволен од двајцата новајлии кои оставија одличен впечаток. Филип одигра квалитетно и во одбраната, но му треба уште време“, рече искусниот стратег.

Кузмановски по една сезона мината во Магдебург се реши за нов предизвик во кариерата и се пресели во Хановер, каде ќе очекува да добие поголема шанса за докажување.