Ортега ќе ги води Хановер и Кузмановски до 2023 година

Искусниот стручњак, Антонио Карлос Ортега стави потпис на продолжување на договорот со Хановер, каде работи заедно со македонскиот бек Филип Кузмановски. 

49-годишниот Шпанец е на клупата на германскиот бундеслигаш од 2017 година, а сега парафира соработка до 2023. Тој важи за одличен стратег и несомнено е зашто клубот му ја додели довербата. Иако нема официјална потврда, специлизираниот сајт „Hballtransfers“ веќе објави за новиот договор. 

Во Хановер од минатата година соработува со Кузмановски кој пристигна во тимот во 2020. Богатата тренерска кариера Ортега ја стартува во Антекера во 2005, каде мина шест години. По едногодишна пауза го презеде кормилото на Веспрем, а беше и селектор на Јапонија. Пред Хановер една сезона го водеше КИФ Колдинг, па пристигна во Германија.