Ортега: Еурофарм беше одличен, се надевам брзо ќе ни се вратат повредените

Германскиот Хановер пролетниот дел го започна со две победи во три дена, па иако не блескаше, вечерва тимот на Ортега извојува победа над Еурофарм Работник со 24-21.

Шпанскиот стручњак не беше целосно најзадоволен и тоа можеше да му се прочита од говорот на телото и изјавата на официјалната прес-конференција.

„Еурофарм одигра одличен натпревар. Имавме прооблеми во одбраната во првиот дел, примивме многу голови од линијата од шест метри. Во вториот дел се подобривме, посебно во одбрана, некогаш игравме принудно без класичен среден бек, но успеавме да победиме. Не сакав да ризикувам со седум ракометари во поле кога имавме ракометар помалку и тоа ни донесе резултат. Се надевам дека наскоро ќе имам некој од повредените ракометари назад во екипата“, заврши Шпанецот.

По една победа и едно реми против Бенфика, ова е втор триумф за екипата од Хановер во својата втора европска етапа.