• Саше Љолес

Македонскиот ракометен суперлигаш, ГРК Охрид, објави дека успешно минала операцијата на еден од нивните најдобри поединци, Теимураз Орјоникидзе.
Грузискиот ракометар ги скина предните вкрстени лигаменти и го очекува долга пауза за рехабилитација, а од клубот му посакаа што побрзо закрепнување и враќање на терените.
Охриѓани најавуваат сериозни засилувања за следната сезона и амбициите растат со секој изминат ден, а тимот сигурно ќе биде уште посилен по враќањето на популарниот „Темо“.