• Саше Љолес

Огромен инцидент се случи на мечот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер во салата „Јане Сандански“. Немилите настани започнаа откако „Чкембарите“ фрлија факели во делот каде што се наоѓаше мирната и неутрална публика, а потоа и „Комитите“ влетаа на теренот и почнаа да фрлаат со сè и сешто по гостинските навивачи.
Ова е голем пропуст на организацијата на мечот, безбедносните сили реагираа бавно и на тереснот се случи тотален хаос кој траеше нешто повеќе од 10 минути.
Пиротехника, факели и тврди предмети насекаде, неверојатни сцени беа видени во „Јане Сандански“, а ваков инцидент одамна се нема случено во македонскиот ракомет.
После долгиот прекин, мечот предмалку продолжи и се надеваме дека ќе го доживее својот крај, а публиката мирно ќе го проследи остатокот од големото дерби.