Општина Куманово им додели премија на ракометарките за двојната круна

Општина Куманово ќе додели премија од 100.000 денари на ЖРК Куманово, за освојување на двете титули, шампионат и Купот на Македонија

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, ова го соопшти на приемот што го организираше во нивна чест.

„Со оглед на постигнатите резултати, мене ми е чест да соопштам дека Општинскиот сојуз на спортови издвои дополнителна премија од 100.000 денари, која ќе биде доделена на ЖРК Куманово. Големо е задоволството да сте градоначалник на општина каде што се постигнуваат вакви врвни спортски резултати. Сакам да се заблагодарам од името на сите граѓани што не направивте годри, бидејќи иако не бевме физички присутни во салата да ве бодриме и поддржиме, најголемиот дел од натпреварите ги следевме онлај и видовме дека го оставивте срцето на теренот. Затоа денес фасцинантна е глетката да имате четири пехари пред нас. Вие сте амбасадори на нашиот град и ние тоа максимално го цениме и почитуваме“, рече Димитриевски во своето обраѓање пред спортистките и стручниот штаб.

Претседателот на клубот Бобан Пејовски потсети дека како бранители на трофејот од Куп на Македонија во 2019 година ветиле дека наредната година ќе донесат двојната круна и тоа го реализирале.