Онеста и Динар се одлучија за искуство: Жером Фернандез одново капитен на „триколорите“

|Жером Фернандез

Француската ракометна репрезентација се комплетира. Онеста го направи списокот од 21 ракометар, кои ќе патуваат за Полска и ќе ја претставуваат француската репрезентација на Европското првенство. Најголемото изненадување во екипата е секако Жером Фернандез, кој по скандалот во Катар, кога му беше одземена капитенската лента и беше сменет од таа функција, одново се најде во составот на „триколорите“. Поради повреди ќе отсуствуваат неколку ракометари, а подоцна од останатите ќе се приклучат и двајца играчи од Бундес лигата. 

Избраници на Онеста за ЕП Полска 2016:

Лук Абало (ПСЖ)

Хавиер Бараше (ПСЖ)

Николас Клер (Нант)

Адриен Дипанда (Ст.Рафаел)

Сирил Думулин (Тулуз)

Лудовик Фабрегас (Монпелје)

Жером Фернанадез (Екс)

Винсент Жерард (Монпелје)

Мишел Гигу (Монпелје)

Самуел Онрубиа (ПСЖ)

Никола Карабатиќ (ПСЖ)

Лука Карабатиќ (ПСЖ)

Квентин Мае (Флензбург)

Тимоти Нгесан (Шамбери)

Даниел Нарсис (ПСЖ)

Оливер Ниокас (Балинген)

Тиери Омејер (ПСЖ),

Весли Пардин (Тулуз)

Валентин Порте (Тулуз)

Седрик Сорoндо (Барселона)

Европското првенство во Полска ќе започне на 15. и ќе трае до крајот на месецот, со финален натпревар на 31. јануари.