• Зоран Мишевски

Францускиот селектор Клод Онеста како и секогаш мирен и не многу зборлест на прес-конференцијата многу подолго разговараше со Обрван отколку со новинарите. Сепак не пропушти да потенцира дека резултатот од +7 за неговата селекција не е реален исход на крајот.
„Како и секогаш многу тежок меч на отворањето на големо натпреварување. Игравме против екипа која има евидентен квалитет. Честитки за нивниот отпор, но мислам дека вториот дел беше одлучувачки, посебно последните 10 минути. Како што велиме во Франција, конечниот резултат не го отсликува мечот. Задоволен сум што победивме и што ниту еден ракометар не се повреди“, истакна Клод Онеста.
Франција во второто коло игра против Србија и со победа во овој меч ќе се квалификува во наредниот круг и пред последниот меч против Полска.