Она што е Столе за Вардар, тоа е тој за Киелце

Сите ракометни клубови низ Европа си имаат своја легенда, а на онаа во полски Киелце ѝ дојде крајот.

Она што е Столе Стоилов за македонскиот ракометен бренд Вардар, тоа е Матеус Јахлевски за Киелце. Поим за верност и за лојалност. Но, Киелце и 35-годишниот ракометар се разделија и на соработката ѝ дојде крајот.

Јахлевски беше дел од Киелце долги 14 години, од 2006 година. Во полскиот ракометен гигант пристигна од Гдањск, каде го носеше дресот на СМС Гдањск и на Ната Гдањск. Левото крило настапуваше и за селекцијата на Полска, од 2004 до 2017 година.

Полјакот во 14-те сезони со Киелце освои десет титули во полскиот шампионат, единаесет во Купот, како и една во Лигата на шампионите. Истовремено имаше и три настапи на Ф4-турнирот во Келн.