ВИДЕО: Омејер не знаеше каде се наоѓа - најбизарниот гол во историјата на ракометот

Омејер

Францускиот голман Тјери Омејер важи за еден од најдобрите голмани во поновата историја на ракометот.

42-годишниот ветеран е петкратен светски, трикратен европски и двократен олимписки шампион со репрезентацијата на Франција. Моментално ги брани боите на ПСЖ, каде соработува со поранешниот македонски селектор Раул Гонзалез.

Интересно видео со Французинот во главна улога сподели познатиот новинар на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Том О'Бранаган.

На истото може да се забележи несекојдневен погодок и чудна реакција на еден од најискусните чувари на мрежата на денешницата.

На крај, судиите не го признаа погодокот, но секако овој момент предизвика насмевка кај ракометните фанови...