Олимпијакос го уништи Ловќен на стартот од турнирот во Охрид

Грчкиот гигант Олимпијакос без поголеми проблеми го стартуваше настапот на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако славеше убедлив триумф над црногорскиот претставник, Ловќен, со конечен резултат 37-22. 

Олимпијакос одигра максимално квалитетен натпревар, на паузата водеше со осум гола разлика (12-20), а до крајот само ја запечати победата со уште поголема разлика.

Грчкиот состав кој е предводен од хрватската легенда Жељко Бабиќ му се придружи на нашиот Алкалоид, кој претходно извојува триумф над Динамо Панчево со 27-22. Најдобри поединци во победничкиот состав беа искусните Јосип Периќ и Предраг Вејин.