Олимпијакос го потврди трансферот на Оливие Њокас

Грчкиот шампион Олимпијакос се засили со францускиот интернационалец Оливие Њокас.

36-годишникот доаѓа од редовите на Вардар 1961. Во македонскиот првак остана една сезона, а пристигна од редовите на Нант.

„Многу сум среќен што сега сум дел од еден од најголемите спортски клубови во светот, кој е успешен во сите спортови. Голема чест е да се биде овде во Олимпијакос и се надевам дека ќе постигнеме големи работи оваа сезона“, рече ветеранот.

Њокас одигра вкупно 32 меѓународни натпревари за Франција и исто така освои олимписко сребро во Рио Де Жанеиро и злато на Светското првенство во ракомет 2017 година.