Олеснување за Вардар, украинскиот бомбардер доби македонски пасош

Добри вести доби најтрофејниот македонски ракометен колектив Вардар 1961. 

Во иднина се ослободува уште едно место за странци во тимот, а тоа е бидејќи Дмитро Хориха го доби македонскиот пасош. Украинскиот ракометар кој е еден од лидерите на овој Вардар повеќе нема да зазема едно од осумте места наменети за странци (или девет во плеј-офот). Ова ќе му биде од голема помош на тренерот Иван Чупиќ кој ќе може да комбинира со повеќе имиња од странските лидери на тимот. 

Инаку, Хориха веќе некое време беше во исчекување на патната исправа со македонските одбележја.

Украинецот со ова стекна и право да настапува за репрезентацијата на Македонија. Сепак, останува да се види дали во иднина Хориха ќе биде опција за селекторот Кирил Лазаров во бековската линија.