„Олдтајмери“ на ЕП 2022: Лазаров и Миркуловски во „дрим-тимот“

Кирил Лазаров за жал нема да може да ѝ помогне на Македонија, но поради годините се најде меѓу највозразсните играчи кои беа пријавени за настап на тековното Европско првенство.

Друштво во идеалниот тим му прави Филип Миркуловски, кој со своето искуство помага во подмладената македонска репрезентација.

Тим од највозрасни ракометари на ЕП 2022:

  • Голман: Голуб Докниќ (39 години)
  • Лево крило: Пшемислав Крајевски (34 години)
  • Лев бек: Никола Прце (41 години)
  • Среден бек: Филип Миркуловски (38 години)
  • Десен бек: Јанко Божовиќ (36 години), (Кирил Лазаров 41 години)
  • Десно крило: Ханс Линдберг (40 години) 
  • Кружен напаѓач: Гедеон Гвардиола (37 години) 
  • Тренер: Велимир Петковиќ (65 години)

Лазаров до крајот на шампионатот ќе ја извршува само селекторската функција, поради повредата на лактот, со која се здоби непосредно пред мечот со Словенија.