• Зоран Мишевски

Нема ни грам сомнеж во квалитетот и формата на Никола Митревски. Единствениот македонски ракометар во Лигата на шампионите го украде шоуто во победата на неговиот Порто против романскиот првак Динамо Букурешт со 32-23.
Битолчанецот собра дванаесет интервенции, а некои во почетната фаза на натпреварот беа одушевувачки. Во првите десетина минути Митревски имаше три одбрани за восхит, последната од класичен зицер веројатно ќе кандидира и меѓу најдобрите одбрани во колото.
We are wondering what these Goalkeepers had for breakfast! @FCPorto | #ehfcl | #HandmadeHistory pic.twitter.com/DaoCK1tjZd
— EHF Champions League (@ehfcl) February 8, 2023
Третата сезона на Митревски со Порто во Лигата на шампионите не започна најдобро, но убедливата прва пролетна победа ветува промена на тенденцијата.