Ојлески: Судено ни е да разочаруваме во финишот, мораме подобро во иднина

Татран Прешов го доби неизвесниот дуел со Еурофарм Работник во Битола и стигна до деби победа во Лигата на шампионите оваа сезона.

Левото крило на домашниот тим, Гоце Ојлески, на прес-конференцијата рече:

„Противникот одигра добар натпревар. Голманот имаше свој ден и беше најзаслужен за конечниот резултат. Ние мора да направиме добра анализа и да се подобрите во иднина. Како и на претходните мечеви, започнуваме одлично, а потоа како да ни е судено да разочараме во финишот“.

Со една победа во пет натпревари, Еурофарм сега е на делба на последната позиција на табелата во групата Ц, заедно со Татран и Кокс.

За „фармацевтите“ следува гостување во Словачка и прилика за реванш за денешниот пораз во Битола.

 
Лига на шампиони (М), Група Ц
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Бидасоа ИрунБидасоа Ирун 7 5 2 0 214:171 43 12
2 СпортингСпортинг 1 8 5 1 2 250:214 36 11
3 СавехофСавехоф 1 7 5 0 2 187:190 -3 10
4 Татран ПрешовТатран Прешов 8 2 1 5 201:230 -29 5
5 КоксКокс 7 2 0 5 179:211 -32 4
6 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 7 1 0 6 187:202 -15 2