• Зоран Мишевски
Ракометарите на Еурофарм Пелистер утрово, со лет преку Белград, пристигнаа во Махнхајм, каде утре ќе се соочат со Рајн Некар Левен, третиот противник во групата Д на Европската лига. Ако битолчани освоија еден бод од првите два натпревари, лидерот на Бундеслигата има една победа од единствениот дуел, оној пред шест дека во Данска против ГОГ Гудме.
Гоце Ојлески отслика каква е атмосферата во соблекувалната по ремито со Кадетен Шафхаузен.
„Секако дека коронавирусот остави трага. Не е лесно да си надвор од тренажен процес десетина дена. Видовме како тоа се одрази на натпреварот против Кадетен Шафхаузен. Атмосферата не се наруши, продолживме да тренираме, да ја вратиме снагата и да се подготвиме за натпреварот во вторник.
Рајн Некар Левен е фаворит во групата. Не е лесно да се игра против нив, посебно на гостински терен. Нема што да загубиме, одиме да играме европски ракомет и можеме само да добиеме и да се воиграме за следните натпревари кои ни следуваат“, вели левото крило на битолчани.
- Видео изјавата на Гоце Ојлески:
Вечерва од 18:30 часот екипата на Бабиќ ќе тренира во „САП Арена“ во Манхајм, местото каде во вторник навечер ќе се соочи со двојниот шампион на Германија и поранешен клуб на македонските репрезентативци Манасков, Ристовски и Талески.