• Горан Упале
Македонскиот суперлигаш Охрид викендов е пред нов испит на меѓународна сцена. По победата од девет гола разлика пред својата публика „гладијаторите“ гостуваат кај Дукла Прага, да го потврдат пласманот во четвртфиналето во ЕХФ Европскиот Куп.
Македонскиот репрезентативец Гоце Ојлески вели дека и покрај високата предност ги чека тежок натпревар во Прага, но верува во квалитетите на своите соиграчи и во пласманот во следната фаза.
„Првиот натпревар го добивме со девет гола разлика. Mожеби требаше со повеќе меѓутоа имавме мал пад во финишот од мечот. Дали ќе биде доволно не можам да кажам, секако дека тоа е нов натпревар, почнуваме од 0-0 и одиме во Прага да одиграме квалитеtno и да не размислуваме на гол разликата. Се подготвуваме најдобро што можеме и сигурен сум дека ќе одиграме нов квалитетен натпревар и ќе извојуваme нова победа.
Дукла се покажа како борбена екипа која што не се предава. Знаеме дека ќе биде тежок натпревар, домаќинот ќе сака победа, па затоа ние треба да влеземе со „ладни“ глави и да ја играме нашата игра. Само така можеме до следната фаза“, рече искусното крило.
Натпреварот меѓу Дукла Прага и Охрид се игра в сабота со почеток од 18:00 часот.




