• Зоран Мишевски
Ракометарите кои влегоа во игра во второто полувреме на мечот против Хрватска добро одговорија на предизвикот и покажаа една сосема поинаква енергија. Тоа не беше доволно да се направи пресврт, па ниту да се намали разликата, но ако има нешто охрабрувачко во синоќешниот пораз, тоа се некои од ракометарите со помала минутажа кои одиграа солиден меч. Еден од нив, Гоце Ојлески, порачува да продолжи вербата со успех во последните два меча.
„Заморот и настапите во напорно темпо за кратко време го одлучија мечот со Хрватска. Се забележува во нашиот табор и физичкиот и менталниот умор. Добредојдени ќе ни бидат овие слободни денови. Нема да биде лесно, но мора да го заборавиме овој натпревар. Сепак, Хрватска е репрезентација која има неспорен квалитет. Не смееме да претстанеме да веруваме во успех против Норвешка и Белорусија“, рече Олјески.
В понеделник од 18.15 часот ќе играме против Норвешка, која утре ќе имаме можност да ја видиме во Краков, на мечот со Франција.