Ојлески: Кире Лазаров и Ивано Балиќ се најдобрите на сите времиња!

Гоце Ојлески, ракометарот кој ги брани боите на Еурофарм Пелистер, одговараше на блиц-прашања за СЕХА-лигата и даде интересни одговори.

Вкупно седум прашања доби играчот на „фармацевтите“, а тие беа врзани со ракометот ама и со неговиот живот. Ојлески откри дека нема домашен миленик, дека со ракомет почнал на 15 години, дека студирал архитектура, а исто така кажа кои ракометари ги смета за најдобри.

Како се чувствуваш?
- Фантастично!

Кога почна со ракомет?
- Со ракометот почнав на 15 години

Кој беше твојот прв тим?
- Мојот прв тим беше РК Струга, тим од мојот роден град

Имаш ли куче?
- Ги сакам животните, ама немам куче

Што ќе беше ако не беше ракометар?
- Паралелно со ракометот учев и архитектура. Искрено, можеби можам да се пронајдам себеси во таа област 

Најдобар ракометар на сите времиња?
- Нашиот Кирил Лазаров, а и Ивано Балиќ

Можеш ли да го замислиш животот без ракомет?
- Ракометот е дел од моето секојдневие, не можам да се замислам без него

30-годишниот стружанец и репрезентативец на Македонија е дел од Еурофарм Пелистер од 2017 година, а во новата сезона го чекаат предизвици во Европската лига на ЕХФ и регионалната СЕХА-лига.