Ојлески: Го дадовме максимумот и заслужено триумфиравме на турнирот

Екипата на Охрид ги израдува своите фанови со уште еден трофеј освен во подготвителниот период. По триумфот во Струга, „гладијаторите“ го освоија првото место и на турнирот „Крсте Андоновски“, откако во драматично финале му зедоа скалп на фаворитот Еурофарм Пелистер.

Капитенот Гоце Ојлески им честита на своите соиграчи за борбената и квалитетната игра и истакна дека Охрид заслужено го освои турнирот пред домашните навивачи. 

„Мислам дека имавме квалитетен турнир, а и финалето беше квалитетно и возбудливо. Сакам да им честитам на моите соиграчи, дадовме максимум и заслужено стигнавме до првото место. Квалитетни екипи од странство и најдобрите екипи од Македонија играа неделава во Охрид. Можеби некои екипи не беа комплетни, како денес Еурофарм Пелистер, но и ние и тие имавме падови во играта. Ова е припремен период и пред нас е сезоната во домашното првенство и нема да биде лесно за ниту една екипа. Охрид е квалитетен и очекувам нови успеси сезонава“, рече искусното крило.

Охриѓани во големото финале го совлада битолскиот состав со сигурни 31-25 и за првпат триумфираа на турнирот чиј организатор е нивниот град

ФОТО: ГРК Охрид

Најнови вести од
Клупски пријателски