Ојлески: Бркањето на резултатот ни внесе нервоза која го реши победникот! 

Еурофарм Работник важеше за фаворит пред стартот на мечот против Мешков Брест кој допатува со само неколку првотимци, но белорускиот шампионат одигра солиден натпревар во Битола и извојува победа од 32-35. 

Капитенот на битолскиот тим, Гоце Ојлески, на прес-конференцијата изјави дека лошата организација во одбраната и бркањето на резултатот беа клучните сегменти за овој неуспех на неговата екипа. 

„Честитки за победата на Мешков Брест. И на овој меч имавме големи проблеми со повредени играчи, но сепак не одигравме како што договоривме. Одбраната не функционираше и примивме многу лесни голови. Цел натпревар бркавме негатива и тоа како да ни внесе дополнителна нервоза и не ни дозволи да се вратиме во игра“, рече капитенот.  

Денешниот пораз на „фармацевтите“ беше прв пред својата публика во СЕХА лигата, по победите над Веспрем, Металопласитка и Спартак Москва