• Зоран Мишевски

Ракометарите на Охрид за неколку дена ја започнуваа новата сеозна во македонската Суперлига со мечот против екипата на Алкалоид на гости во Скопје.
Дуелот против третопласираната екипа од минатата сезона го најави капитенот на охриѓани, Гоце Ојлески.
„Ни следи стартот на сезоната кој сите со нетрпените го очекуваме. Мислам дека ги одработивме доста квалитетно подготовките и спремни сме за натпреварување. На стартот следи дерби натпревар со екипата на Алкалоид, екипа која е екстра-квалитетна, играат доста брз ракомет, добро се воиграни и неколку години се заедно и секоја година се подобри и само подобри.
Но, ние сме исто така оваа година доста квалитетни, можеби ќе ни треба повеќе време да бидеме во најпосакуваната форма. Сепак ова е прв натпревар оваа сезона, ќе дадеме максимум и се надевам на позитивен резултат“, вели Гоце Ојлески
Натпреварот се игра в среда, во салата „Автокоманда“, со почеток во 18:30 часот.

