Охриѓани спортски честитаа: Еурофарм е моќен, но резултатот е превисок

Охрид ги расипа своите шанси за пласман во плеј-офот и на едноколо до крајот на регулатниот дел од сезоната нема шанси да влезе меѓу четирите најдобри екипи во Суперлигата. По вчерашниот пораз од Еурофарм Работник, екипата на Горан Андоновски во Битола против Пелистер ќе патува без резултатски императив.

„Игравме против екипа која настапува во европски рамки и имаат ракометари кои ги носат репрезентативните дресови. Горев од желба да влезам и да играм. Се надевам дека не разочарав и го пружив најдоброто од мене. Ова искуство ќе ни биде од голема помош за младинската екипа која ќе се бори за шампионската титула“, вели Мартин Ивановски.

Славиша Димитријески смета дека резултатот е превисок според покажанато на теренот. 

„Резултатот на семафорот не е мерило. Со хендикеп го започнавме мечот со неиграњето на Дарко Георгиевски и повредениот Иван Тасески. Тие двајца ракометари ни се дел од костурот на екипата и тешко е да се игра без нив. Шанса добија и помладите која максимално ја искористија и тоа многу ме радува“, смета Димитријески. 

За разлика од претходните неколку сезони охриѓани ќе го запишат најлошиот пласман во последните неколку години. 

Суперлига
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 18 17 1 0 622:392 230 52
2 ПелистерПелистер 18 13 2 3 579:473 106 41
3 Бутел СкопјеБутел Скопје 18 13 0 5 521:412 109 39
4 Пролет 62Пролет 62 18 12 1 5 551:456 95 37
5 Охрид 2013Охрид 2013 18 11 0 7 527:463 64 33
6 СтругаСтруга 18 9 1 8 481:457 24 28
7 РадовишРадовиш 18 5 0 13 559:610 -51 15
8 Вардар ЈуниорВардар Јуниор 18 4 0 14 451:549 -98 12
9 ПрилепПрилеп 18 3 1 14 429:597 -168 10
10 ГРК БорецГРК Борец 18 0 0 18 396:707 -311 0