Охриѓани се збогуваа со тројца ракометари, си одат во нова средина

Пред почетокот на натпреварот со Тиквеш, екипата на ГРК Охрид им врачи благодарници на тројца ракометари кои во новата сезона ќе имаат нов клуб.

Се работи за Адмир Пелидија, Никола Стоилевски и Деан Шешиќ кои по завршувањето на актуелната сезона ќе ги менуваат клупските бои. Од ГРК Охрид им се заблагодарија на тројцата играчи за нивниот придонес и им посакаа успешна кариера понатаму.

ГРК Охрид обезбеди излез во еврокуповите по крајот на сезоната и се очекува да игра во Челинџ Купот на ЕХФ.

ФОТО: Анамарија Момировска/ГРК Охрид